Subscribe | NSW Fair Trading | Glossary | Contact us | Search
Email link to this page Print this page Reduce font size Increase font size

Трибунал за потрошувачи, трговци и наем

За трибуналот

Трибуналот за потрошувачи, трговци и наем (CTTT) беше формиран како надлежно тело специјализирано за решавање спорови околу работи што ги засегаат  потрошувачите, трговците и  во врска со наеми.  Трибуналот CTTT започна со работа на 25 февруари 2002 година  и ги презеде функциите на Трибуналот за праведна трговија и Трибуналот за наем на станбен простор.

Трибуналот CTTT ќе продолжи да се занимава со работи кои претходно беа во надлежност на Трибуналот за праведна трговија и Трибуналот за наем на станбен простор, вклучувајќи:

  • купување или поправки на нови или користени моторни возила
  • изградба на куќа и доградби
  • станарски обврзници и други работи во врска со наем на станбен простор
  • производи и услуги, како на пример, електрични апарати, патување или агенти за неподвижен имот
  • финансии и кредити
  • спорови во врска со станови/куќи од видот 'страта' (станови/куќи дел од групна сопственост), вклучувајќи жалби против одлуките на пресудувачот
  • спорови во врска со трошење на парите во пензионерски населби
  • покачување на станарина и измени во правилата за живеење во паркови со приколки

Вратете се на почеток од страната

Што се случува кога ќе поднесете молба?

Администраторот на Трибуналот ќе ви испрати вам и на другото лице известување да дојдете на помирување и расправа отприлика 7 до 14 дена откако ја примил вашата молба.  Од  известувањето ќе дознаете во колку часот, на кој датум и каде треба да одите.  Примерок од вашата молба и од сите документи што сте ги приложиле ќе му бидат испратени на другото лице.  Не приложувајте доверливи информации ако не сакате да ги дознае другата странка.

Вратете се на почеток од страната

Дали може да ја повлечете молбата?

Ако сакате да ја повлечете молбата, мора писмено да го известите администраторот.  Исто така, треба да ја известите другата странка пред датумот кога треба да се одржи расправата.

Вратете се на почеток од страната

Дали ви треба преведувач?

Ако поднесете молба во Трибуналот и ако ви треба преведувач, известете ги за тоа во Трибуналот колку што можете побргу за да можат да ви го организираат тоа.  Трибуналот не дозволува на странките во судската расправа да им преведуваат членови од семејството.

Вратете се на почеток од страната

Кој може да присуствува на расправата во Трибуналот?

Општо земено, странките се обврзани лично да присуствуваат на судската постапка пред Трибуналот, иако во посебни околности Трибуналот може да дозволи некој друг да ги застапува.

Вратете се на почеток од страната

Како Трибуналот го решава спорот?

Трибуналот може да користи различни методи за да го реши вашиот спор.

Помирување

Помирувањето е процес кој се изведува во доверливост и приватно, и кој им овозможува на двете странки кои се спорат:

  • меѓусебно да ги разгледаат доказите
  • да го разберат случајот на другото лице
  • меѓусебно да разговараат за можниот исход
  • да склучат договор со кој двете странки ќе се согласат.

Помирувањето обично се изведува во една од осумте сали на Трибуналот во NSW.

Расправа

Ако странките не успеат да се договорат со помирување, Трибуналот обично ќе одржи расправа.  Со расправата претседава и дискусијата ја води некој од членовите на Трибуналот.  Вие и другата странка ќе можете да ги изнесете вашите докази и меѓусебно да си поставувате прашања.  Меѓутоа, расправата во Трибуналот не е иста како таа што се одржува во суд, каде што се применуваат строги правила според кои за исходот се одлучува врз основа на доказите.  Членот на Трибуналот не е обврзан да ги почитува овие правила.

Вратете се на почеток од страната

Како да се подготвите за помирување и расправа?

Трибуналот брзо ги решава споровите.  Ова значи дека мора да бидете во состојба да одите на помирување/расправа во рок од 7 до 28 дена откако сте поднеле молба во Трибуналот, освен во исклучителни околности.  Одвојте време за да размислите за сите работи во врска со вашиот случај и да ги соберете сите потребни информации.  За да го докажете вашиот случај, понесете со вас документи.  Донесете ги документите во три примероци, така да има еден примерок за Трибуналот, еден за другата странка и еден за вас.

Вратете се на почеток од страната

Одлуки на Трибуналот

Трибуналот донесува одлука и потоа издава 'налози'.  Налогот од Трибуналот е законски важечка изјава со која ви се кажува вам и на другата странка што морате да направите за да се спроведе одлуката на Трибуналот.  Откако Трибуналот ќе ја донесе одлуката во врска со поднесената молба и ќе ги издаде налозите, двете странки ќе добијат отпечатени примероци од налозите, и тоа обично во рок од 7 дена.

Вратете се на почеток од страната

Дали можете да побарате налогот да се измени?

Налозите се крајни и законски важечки, освен ако претстедателот одлучи делото повторно да се сослуша.  Повторната расправа не се добива автоматски.  Според законот врз кој се раководи трибуналот CTTT, мора да ја утврдите причината за повторна расправа.  При повторната расправа, Трибуналот може да издаде нови налози.  Ако сметате дека Трибуналот направил грешка според законот, ќе треба да се жалите до Врховниот суд.

Вратете се на почеток од страната

Колку чини да се поднесе молба во трибуналот CTTT

Колку ќе чини молбата зависи од тоа за каков спор се работи

Вратете се на почеток од страната

Каде може да се поднесат молбите до Трибуналот?

Молбите можете да ги поднесете во:

  • Сите CTTT архиви
  • Сите центри за праведна трговија во NSW
  • Сите архиви на месните судови во NSW
  • Стопанскиот совет за поправки на моторни возила (за работи во врска со моторни возила)
  • Службата за прашања во врска со изнајмување при Одделот за праведна трговија (за работи во врска со наем на станбен простор, паркови за живеење и станови/куќи од видот "страта" и во заедницата).

Во Трибуналот можете да телефонирате на 1300 135 399, или да се обратите со факсимил на 1300 135 247.  Ако не зборувате англиски јазик, телефонирајте на 13 14 50 и побарајте преведувач на вашиот јазик, кој после тоа ќе телефонира во Трибуналот и ќе ви преведува при разговорот.

Вратете се на почеток од страната

Повеќе информации

Ако сакате да добиете повеќе информации, посетете ги Интернет страните на трибуналот CTTT на www.cttt.nsw.gov.au (на англиски јазик).

Публикации

Помош

Вратете се на почеток од страната


Email link to this page Print this page Reduce font size Increase font size