Информации на македонски јазик - Macedonian
Трибуналот за потрошувачи, трговци и наем (CTTT) беше формиран како надлежно тело специјализирано за решавање спорови околу работи што ги засегаат потрошувачите, трговците и во врска со наеми. Трибуналот CTTT започна со работа на 25 февруари 2002 година и ги презеде функциите на Трибуналот за праведна трговија и Трибуналот за наем на станбен простор.
Трибуналот CTTT ќе продолжи да се занимава со работи кои претходно беа во надлежност на Трибуналот за праведна трговија и Трибуналот за наем на станбен простор, вклучувајќи:
- купување или поправки на нови или користени моторни возила
- изградба на куќа и доградби
- станарски обврзници и други работи во врска со наем на станбен простор
- производи и услуги, како на пример, електрични апарати, патување или агенти за неподвижен имот
- спорови во врска со станови/куќи од видот 'страта' (станови/куќи дел од групна сопственост), вклучувајќи жалби против одлуките на пресудувачот
- спорови во врска со трошење на парите во пензионерски населби
- покачување на станарина и измени во правилата за живеење во паркови со приколки.
Информации на македонски јазик |
English titles |
| За трибуналот | About the CTTT |
![]() |
За помош во врска со јазикот телефонирајте на 13 14 50 и побарајте преведувач на вашиот јазик. |
